РАСПОРЕД НА СВЕТИТЕ ПРАЗНИЧНИ БОГОСЛУЖБИ
Written by Father Ilija Donev   
Thursday, 03 December 2009 19:41

ДЕКЕМВРИ - ЈАНУАРИ 2009/2010

 Дек. 04, Вовед.  на Пресвета Богородица во храмот, ПРЕЧИСТА

10:00АМ

 Дек. 08, св. Климент Охридски,  св.  Литургија    
10:00АМ
 Дек. 19, св. Никола Мирликијски чудотворец,     св. Литургија10:00АМ
 Дек. 20, недела, света Литургија
10:00AM
 (По богослужбата женската секција ќе подготви посен ручек, на децата ќе се поделат
Божикни пакетчиња
; а учениците од Неделното училиште ќе изведат Божикна драма)
Јан.  05, среда, св. Наум Охридски, св. Литургија 10:00АМ
 (Огинот за Коледе ќе се запали во 5:00рм  1775 Bristol Rd. West)
 Јан. 06, среда, света богослужба  во  10:00AM
 Јан. 06, среда, света Вечерна богослужба 
6:00PM
 -  по Богослужбата ќе се освети и подели бадниковото дрво
 Јан. 07, РАЃАЊЕ ХРИСТОВО – БОЖИК,  св. Литургија 10:00АМ
 Јан. 08, Собор на Пресвета Богородица, св. Литургија  
10:00AM
 Јан. 09, св. архиѓакон Стефан, света Литургија10:00AM
 

Јан. 09, - Банкетот за ВАСИЛИЦА  ќе се одржи во големата сала при

МПЦ  “Св. Климент Охридски“, Торонто,  во 7:00 рм  $50.00  по човек.
 Јан. 14, Обрезание Господово, св. Василиј Велики,
10:00AM
 Јан. 18, ВОДОКРСТ, (строг пост), св. Литургија10:00AM
 Јан. 19, Богојавление  – ВОДИЦИ, св. Литургија10:00АМ
 Јан. 20, вторник, собор на св. Јован Крстител, св. Литургија
10:00AM
 Јан. 24, недела, света Литургија     
10:00AM

 -        По завршувањето на Литургијата ќе се изврши дарување на

св. икони и Голем Богојавленски водосвет со фрлање на крстот



“ Возљубени, кога така нé засака Бог, тогаш и ние сме должни да се сакаме еден со друг“ (1 Јов. 4:11).

Нека Витлеемската светлина нé осветли и нас, та да се исполниме со Божикен мир, радост и љубов.

 ХРИСТОС СЕ РОДИ - НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

Last Updated on Thursday, 03 December 2009 20:01
 
ПРОСЛАВА НА МАКЕДОНСКА НОВА ГОДИНА - ВАСИЛИЦА
Written by Father Ilija Donev   
Wednesday, 02 December 2009 22:34

Црковниот одбор Ве поканува на заедничка прослава по повод

Македонската Нова година – ВАСИЛИЦА.

Датум:        09 јануари 2010

Место:   Во салата при Македонската Православна Црква

               “Св. Климент Охридски“

               75 Overlea Blvd.  Toronto

Цена на билетите:  $50.00

Забава:  Оркестарот “Бисер“ од Торонто

П Р О Г Р А М А:

-             6:30pm – 7:30pm Прием

-              7:30pm Поздрав и претставување на специјалните гости

-      8:00 Молитва и вечера

 За резервација билетите јавете се:

Мендо Богдановски         (905) 890 – 6834

Славе Трајковски             (905) 625 – 5133

Посебна благодраност:

Црковниот одбор посебно им благодари:

На фамилијата Шмагранови за подарокот на печеното прасе

На Дита Чочов и Александра Џианкулас за подготвувањето на зелникот

На Василка Тренески за подарувањето на златната пара за во зелникот

Last Updated on Thursday, 03 December 2009 08:19
 
CELEBRATION MACEDONIAN NEW YEAR - VASILICA
Written by Administrator   
Wednesday, 02 December 2009 22:10

The Church Board invites you to join us and celebrate

MACEDONIAN NEW YEAR – VASILICA

Date:        January 09, 2010

At:            St. Clement of Ohrid Banquet hall

                 76 Overlea Blvd.  Toronto

Ticket price:  $50.00 per person

Entertainment:  “Biser” Orchestra from Toronto

P R O G R A M:

-             6:30pm – 7:30pm Reception

-              7:30pm Greetings and  introduction of honoured guests

-      8:00pm Prayer and dinner

 For a tickets please call:

Mendo Bogdanovski         (905) 890 – 6834

Slave Trajkovski               (905) 625 – 5133

Special Mention:

The Shmagranov have donated the roasted pig for this year’s celebration!

Mrs. Dita Cocov and Mrs. Elsie Giancoulas will prepare traditional Macedonian pita

Mrs. Vasilka Treneski has donated the gold coin for the Zelnik draw.

The Church thanks all donors.

Last Updated on Wednesday, 02 December 2009 23:15
 
КОЈ ВИ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО ЦРКВАТА?
Written by Father Ilija Donev   
Wednesday, 02 December 2009 20:18

Неодамна, извршувајќи ја својата парохиска должност по повод домашна слава, бев  во домот на едно православно семејство. По завршувањето на чинот – водосвет и режење на славскиот лебк, по малку возгордеано, еден од гостите ми се обрати  со прашањето: Во црквата “Св. Илија“ скоро имавте избори, кој ви е сега претседател?  Веднаш почувтствував дека желба на соговорникот беше  да отвори општа дискусија околу некои збиднувања во нашата црква па наместо одговор му возвратив со прашањето: А зошто прашуваш кој  ни е претседател? Мислам дека побогоугодно ќе биде ако прашаш: Како ви е црковниот живот? Кога ви се светите богослужби во црквата “Св. Илија“, или како е со богослужбите во црквата? Не сакам да бидам разбран погрешно дека сум против претседателите на црковните одбори, но мислам дека најважно е за секој христијанин, па и за тебе,  најпрво да се трудиме да Го  сретнеме и Го познаеме Бога. Бога само преку молитвата можеме да Го почувствуваме и да разговараме со Него; и Бога најјасно можеме да го сретнеме во храмот, на Светата Литургија. Затоа дојди  со семејството на света богослужба во црквата “Св. Илија“, Mississauga,  ќе се помолиш на светецот, односно на Бога, а ќе ги запознаеш и луѓето.

Потоа продолжив: Кога одиме во амбуланта или во болница или во било кој медицински центар најпрво го бараме лекарот. Од лекарот имаме потреба да не* прегледа и да ја диагностицира болеста која не* мачи, а потоа  да одреди соодветна терапија. Ако не го сретнеме докторот тогаш сме го промашиле доаѓањето во таа медицинска установа. Така е и во Црквата. Православната Црква е најголемата и најсоодветна медицинска установа. Докторите во болниците и амбулантите го лечат телото, а Господ во Црквата се грижи и за телото и за душата на човекот. Сакале или не мораме да признаеме дека душата е најголемото богатство на човекот. Таа ни е дар од Бога. Зошто тогаш го игнорираме тој дар Божји? Како што болницата или амбулантата без лекар не е медицинска установа така и црквата, храмот, без Бога не е вистинска Црква ниту, пак, храм. За нас, христијаните, храмот е “дом Божји“, “дом за молитва“ (Мат. 21, 13). Храмот е осветено место место каде што Бог постојано живее и обитава. Кога Мојсеј разговараше со Бога на планината Хорив Господ му заповеда да ги соблече обувките од нозете оти местото на кое стои е света земја (Излез 3, 5). Затоа и ние треба да го почитуваме храмот најпрво како свето место. Така треба да биде во Црквата.

Претседателите и членовите во црковните одбори ги бира народот. Тие сами се избираат и сами се менуваат и иако мандатот им е привремен и работата доброволна, пак се караат, се расправаат се тужат и сл. додека, пак, учењето на Црквата има вечна вредност. И дали е сега најважно тоа кој е претседател на црковниот одбор? Важно е луѓето да живеат со верата во Бога и да се молат.  Но, ете, за жал кај нашиот народ тоа не е секогаш така. Во нашите цркви луѓето повеќе размислуваат за некои неважни работи, се занимаваат некои безначајни нешта наместо да размислуваат за Бога, за верата и, што е најважно, за душата своја. И не само обичните луѓе, туку така се однесуваат и мнозина кои се  избрани во црковните одбори. Мнозина од нив забораваат дека прва и најважна работа и обврска нивна е – да доаѓаат на светите богослужби т.е. на молитва. Секој христијанин, кога е времето за света богослужба, треба да трча кон светиот храм. Не треба да чекаме да се случи нешто спектакуларно, дали избори, дали  некои други безначајни работи, па да дојдеме во црквата. Многу е погрешно и тоа кога членството во црквата се употребува и користи  како гласачка машинерија.

 

Не доаѓам во црква затоа што не гисакам некои луѓе

На ова согворникот ми вели: Јас не доаѓам в црква затоа што не ги сакам некои луѓе кои се во црковните одбори. Незнам кои се тие луѓе што ти не ги сакаш, можеби еден од нив сум и јас иако јас и ти досега не сме имале некои поблиски средби!? Но тоа и не е толку важно. Сега ме потсети на еден разговор што пред неколку години го имав со еден наш човек музичар по звање.  Имено,  меѓу другото, разговорот не* донесе токму на оваа тема. Тој ми вели: Јас не доаѓам на богослужба затоа што не можам да ги гледам некои луѓе од управата. Помирен сум кога ќе дојдам после службата ќе си запалам свеќа, ќе си се помолам и тоа за мене е доволно. Погрешно е, му велам, ако мислиш дека со тоа, како христијанин, си ја завршил твојата обврска кон верата. Со такво традиционално одење в црква и со такво формално и надворешно верување, само со палење свеќа, ти ама баш ништо не си направил за верата и никаква жртва не си принел на Бога. Твоето недоаѓање на светите богослужби, поради тоа што не ги сакаш некои луѓе, не е никаво оправдување пред Бога. Напротив, правиш уште поголем грев. Како ќе се чувствуваш ти ако некој ти рече: штом те слушнав тебе одсега натаму се откажувам од слушање музика! Зошто, вели, зарем јас сум толку лош музичар? Не, не си лош, ама не си ни најдобар, нели? Има мнозина кои се подобри од тебе. Сигурно дека има, вели тој. Па ако луѓето гледаат да ги слушаат само подобрите од тебе тогаш кој ќе те слуша тебе? Впрочем, во црквата не се доаѓа за да се покажеме кои сме и што сме, ниту  да ги судиме и осудуваме луѓето и да гледаме кој каков е и што прави. Тоа и не е наша работа. Господ во Евангелието дури забранува да се судиме еден со друг кога вели: “Не судете, за да не бидете судени. Со каков суд судите со таков ќе ви се суди....“ вели Христос (Мат. 7, 1). Господ е Тој Кој што ќе им суди на сите луѓе и за добрите и за лошите дела. Наша обврска е да се молиме на Бога не само за себе туку и за оние кои сметаме дека ни се непријатели, кои не ги сакаме, кои ни* зграшиле и сл. (Мат. 5, 43 – 48). Палењето свеќа ќе биде прифатлива жртва доколку сме ги исполниле другите христијански норми. Без тоа свеќата нема никаква вредност. Многу е невкусно кога црквата ја користиме како мегдан за меѓусебна пресметка. Сите наши лични фрустрации треба да ги заборавиме и пред да влеземе во храмот, на Светата Литургија, најпрво треба да се помириме со луѓето (Мат. 5, 23 – 24) за да биде нашата молитва и нашата жртва примена од Бога.

 

Ние сме Христови апостоли

Секој човек, крстен, христијанин, е апостол и мисионер Христов на земјата. Оваа должност сме ја примиле уште при крштевањето. Според тоа наша обврска не е само да ја чуваме верата, туку и да ја пренесуваме на идните поколенија и да ја шириме меѓу другите луѓе. “Одете и научете ги сите народи крштевајќи ги во името на Оца, и Сина, И Светиот Дух...“ вели Христос (Мат. 28, 19)    Какви проповедници ќе бидеме ние ако не се молиме на Бога? А штом не се молиме тоа значи и верата не ни* е на потребно ниво, а токму верата е клучот за нашиот однос со Бога. За да се молиш треба прво да веруваш. Но, за жал, ние не само што не ја шириме верата надвор, туку и во “домот Божји“ сме многу пасивни. Жално е да се слуша како во некои наши цркви, од некои членови во црковните одбори, има отпор против систематското изучување на христијанската веронаука и против верското образование на децата. Според нив изучувањето на македонскиот јазик било доволно и не треба децата да се оптеретуваат со веронаука. Доволно е, велат, децата да се чувствуваат како македонци па и нека не се добри верници. Или како ќе го објасниме тоа кога религиозни списанија и билтени наместо да се делат на луѓето за читање се фрлаат во корпа за ѓубре како непотрени и застарени!?  

Скоро секојдневно сретнуваме луѓе, претежно млади, кои ни доаѓаат на врата нудејќи ни верска литертура од некои протестански секти. Тие млади луѓе се посебно обучени во нивните верски заедници за таа мисионерска работа. Дали ти, бидејќи велиш дека си многу заинтересиран за состојбите во Црквата, би ги пуштил твоите деца  да одат така по куќите и да делат списанија или литература од нашата религија? Не, вели. Тие заедници во своите буџети одвојуваат посебни средства за мисионерство и секоја верска заедница бара доброволци кои ќе одат на мисионерска работа, за година или две, во други земји и други континенти. Сигурно знам во 1993 година во хотелот Holyday Inn во Brampton Баптистичката црква имаше семинар на кој, меѓу другото, правеа план како да ја прошират нивната мисија во пост-комунистичките земји, меѓу кои беше вклучена и Македонија. Значи тие оттука планираат како да ни ги земат децата од школите, а од друга страна, гледаме како нашите луѓе протестираат против сопствената Црква собирајќи потписи, петиции и тн. Тоа треба сериозно да го загрижи секој православен македонец. Затоа неопходно е сите заедно да работиме на подобрување на квалитетот на нашата мисионерска работа. За разлика од порано денес е многу полесно кога имаме на располагање  весници, радија, ТВ, интернет и слично.

Пред неколку дена, му велам, ми се јави по телефон во црквата некој човек кој се претстави како многу активен член во Muslim community и ми вели: “Сакам да дојдам во вашата црква да одржам предавање, било на возрасните било на децата од Sunday School, за исламот и да ги запознаам вашите верници со основните вистини за муслиманската вера. Оти, вели, луѓето денес имаат многу искривено гледање и погрешна претстава за исламот“. Си велам, колкава храброст и каква дрскост!  Тој се осудува да праша да држи предавање за исламот во нашата црква, а ние, самите, во некои наши цркви не смееме да спомнеме за христијанската веронаука затоа што некои управници ќе ни замерат, ќе ни се налутат и, не дај Боже, ќе не* отпуштата од работа.  Неоспорно е дека има слабост и кај дел од свештенството - но секому според заслугата.

За крај ќе ти кажам уште ова:  Пред да дојдам наваму при една средба  во Скопје отец Гаврил Светогорец, меѓу другото, ми рече: “Оче Илија, колку и да мислиме дека муслиманите имаат погрешно верување треба да знаеме дека, сепак, тие се молат. Нашиот народ не сака да се моли на Бога“. И што вреди ако ние велиме дека Православната вера е најисправна и има најправилно учење ако, прво, самите не се почитуваме, не се молиме на Бога, не се причестуваме, не се исповедуваме и сл. Верата наша во Бога треба да биде наше убедување, кое ќе го пренесеме во животот, а никако традиционално следење и исполнување. Само тогаш ќе бидеме вистински Христови следбеници.

Тука заврши нашиот разговор бидејќи јас требаше да продолжам во извршувањето на мојата парохиска работа.

Со ова мислам не ги вознемирив домаќините. Напротив почувствувам дека сите со внимание ме слушаа. Всушност, празнувањето на домашната слава не е во богатата трпеза, туку во молитвата, во жртвата што се принесува на светецот и на Бога. Секако и свештеникот треба да најде место и простор да  изложи својата поука за празникот.

 

Пишува: прота-ставрофор ИЛИЈА ДОНЕВ

Last Updated on Wednesday, 02 December 2009 20:24
 
Дарвине, жив ли си?
Written by Father Ilija Donev   
Saturday, 10 October 2009 18:23
 
 


Ќерка ми е второ одделение и уште сега ја учам да ги препознава невистините што ги има во учебниците и наставата. Фала Богу што нема веќе марксизам, но многу и од сегашните содржини се непотребни, неточни, неиздржани и само ги оптоваруваат децата
      
Сетики се менуваат методите на настава, содржините, доктрините, дури дотаму што и некомпетентни ликови ги пишуваат учебниците. Некои од овие ликови лично сум ги запознал... Скриени зад името на корицата на книгата, тие дури изгледаат интелигентно, но кога ќе ги запознаеш - се прашуваш дали овој лик треба воопшто да поучува во забавиште, а камоли на факултет. Фасадата на ароганција ги спречува тие самите да бидат подучливи и да се вразумат, па да ги исправат грешките во своето размислување, пишување и настава. А и самите не се толку криви – тие учеле од некој друг, кој порано учел од некој друг - кој учел од некој друг... а, пак, сето тоа било погрешно и никој не се потрудил да утврди дали е тоа вистина.

Конкретен пример има во историјата. Сега не знаеме дали сме Словени, Стари Македонци, Турци, Бугари, Срби или сме мешавина. Во физиката се пронаоѓаат работи што ги предизвикуваат најфундаменталните закони. Но овде сакам најмногу да обрнам внимание на биологијата: Јас, во комунизмот, бев подучуван дека видовите настанале со природна селекција, односно само најјаките преживуваат. Ова е познато како Дарвинова теорија на еволуција. Видовите на организми настануваат со приспособување кон условите од околината, и оние што не се приспособуваат умираат. Така прво настанала амебата, па вирусот, бактеријата, рибата, желката, диносаурусот, па малку разгранување, па настанала лисицата, коњот, врапчето, свињата, овцата, мајмунот! Па овде настанува селекција: мајмунот се развива, еволуира, користи орудија за лов и работа („работата го создала човекот“, кој ли беше комунистот што го измисли тоа? – некој од вас, учени професори, сигурно знае – Ленин ли беше – навистина не знам). Потоа доаѓаат неандерталецот, кромањонецот, Рајко, Трајко... (почитувани професори – простете ако секвенцата на овие ми е погрешна, особено се извинувам ако сум ги измешал Рајко со Трајко). Па потоа доаѓа малку модернизам, па фашизам, па комунизам и од примитивниот мајмун настанала најсовршената форма на мајмун - ЧОВЕКОТ! И такви сé уште ги има помеѓу нас. Нешто слично на Тарзан. И тие се господари на џунглата. Џунгла од политика, образование, лоповлук, корупција.

Ееј, кај отидов јас...?! Назад на еволуција. Сега, со адвентот на науката, особено електронските микроскопи, се гледаат клеточни структури што се совршени. На Гугл гледав документарен филм што тотално ја разбива Дарвиновата теорија на еволуција. Во него врвните научници по биохемија, биолози, филозофи, хемичари дебатираат за неодржливоста на Дарвиновата теорија и на основа на флагелумот (опашката) на една обична бактерија тотално ја оспоруваат. Двајца врвни научници, еден биолог, еден биохемичар, професори на американски универзитети, буквално се каат за нивното претходно учење дека еволуцијата го објаснува настанокот на видовите и се откажуваат од неа. Но нашите наставници и професори сé уште ја предаваат оваа апсурдна и смешна теорија (од која и самиот Дарвин се откажал при крајот на животот). Тој ја измислил оваа теорија набљудувајќи ги животните на Галапагос во еден исклучително долг временски период од ЕДЕН МЕСЕЦ! Што можеш да заклучиш за еден месец? Па жената што спие до тебе 25 години не можеш сосема да си ја научиш!

Во филмот се вели дека огромната комплексност на живиот свет наведува на заклучок дека мора да постои некоја интелигенција што сето тоа го дизајнирала. Единствено политичката коректност не им дозволува да кажат која е таа. Овде се прашувам дали веронауката не е подобро решение од биологијата во школите...?! Но сепак, не. Секоја етничка заедница си има свој бог, па секој нека си учи за него. Само, прашање е дали тој бог е навистина Бог? Дали е бог оној што својот гнев го гаси кога ќе му се принесе јагне или пиле или масло или пешкир како жртва, или е можеби бог оној што сака блудната маса да јаде посно гравче пред портите на црковната зграда (а масата искрено се надева дека нема да дрмне некој гром и да испоубие 7-8 души)...? Или е Бог оној што толку го возљуби светот што го прати Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не погине, туку да има живот вечен...? Зар не е Бог оној што и денеска преку ударите на Својот Син лекува од секаква болест и го извлекува човекот од огнот пеколен, великодушно простувајќи му ги гревовите на секој што верува во Него? Го молам вистинскиот Бог да стане!


Зоран Михајловиќ, лекар

(zemeno od:  www.preminportal.com.mk)

 

Last Updated on Saturday, 10 October 2009 21:52
 
<< Start < Prev 1 2 3 Next > End >>

Page 1 of 3
©2005 - 2009 St. Ilija Macedonian Orthodox Church
Template courtesy: RocketTheme.com
This website is designed and maintained by Nick Donev.